Реклама
Холивуд

На интернет се појавија стари фотографии од Меган Маркл кои нема да им се допаднат на кралското семејство

Реклама

Војвотката од Сасекс Меган Маркл порано беше славна американска актерка, најмногу позната по улогата на „Suits“.

Новопечената мама и сопруга на принцот Хари порано имаше и свои профили на социјалните мрежи, но пред да застане на лудиот камен и да стане војвотка, истите беа избришани од интернетот. Но неодамна, иако не се достапни, во јавност испловија фотографиите кои беа не нејзиниот профил пред таа да ги избрише од социјалните мрежи.

Маркетинг

Фотографиите покажуваат како поранешната актерка живеела пред да стане дел од кралското семејство, во друштво на различни мажи, со по некоја чашка во рацете, но и на егзотични патувања.

Маркетинг

Секако дека принцот Хари не и е првиот маж на Меган. Неодамна во медиумите се појавија и детали од нејзиниот приватен живот во минатото. Таа порано веќе била во двегодишен брак со Тревор Енгелсон, а според странските медиуми, Меган кратко се гледала и со Симон Рекс, американскиот репер, комичар и модел, но и порно актер. Исто така само неколку месеци пред да се запознае со принцот Хари, таа разменувала пораки и со победникот на британскиот „Икс фактор“ во 2015 година, Мат Кардел.

Само да потсетиме, кралското семејство на почетокот се сомневаше на врската со Меган и Хари. „Со актерки излегуваме, но тие девојки не ги жениме“, му кажа сопругот на кралицата Елизабета II на својот внук кога се дозна дека Хари и купил дијамантски прстен на Меган. А тоа дека не е само најстариот член во кралското семејство на кој му пречела Меган, докажа и постариот брат на Хари, принцот Вилијам (36) кога го праша дали е сигурен во својата одлука и дали е свесен за тоа каква тежина и одговорност носи.

 

Поврзано

Back to top button