На Интернет се појавија првите снимки од моминската забава на Богдана – стајлингот на бремената снаа на Цеца ќе ве остави без зборови
Погледнете како изгледаше идната невеста
За десетина дена Богдана Родиќ и Вељко Ражнатовиќ ќе застанат на лудиот камен, а бремената невеста вчера во попладневните часови заедно со пријателките започна со прославата на лудата моминска вечер.
Таа заедно со Анастасија и неколку пријателки најпрво се возеа низ градот во лимузина облечени во баде мантили, а потоа со забавата продолжија во раскошно уредената куќа што нејзините пријателки ја изнајмија специјално за оваа пригода. Во куќата ги чекаше богата декорација, уште пијалаци и секако, добра музика.
Како изгледаше сето тоа и реакцијата на бремената снаа на Цеца погледнете во продолжение.
Славеничката во еден момент се опушти и го зеде микрофонот и заедно со пејачката почна да ги пее хитовите.
Од фотографиите и видеата што завршија на социјалните мрежи можеме да видиме дека Богдана, како идна невеста, единствена имаше баде мантил во розова боја, додека на главата носеше круна и вел.
Таа цело време не ја тргаше насмевката од нејзиното лице што значи дека одлично се забавуваше.
Само да потсетиме, лимузината и раскошната гала забава за Богдана, која со Вељко ќе застане на лудиот камен на 24 ноември, ја организираше неговата сестра, младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ.