На Инстаграм се фалеше со луксуз: Носеше Версаче, Прада и Гучи, направи пластични операции и драстично ослабна, за да на крај заврши неславно во Шутка …
Наводно и парите ги добил во чанта од Луј Витон од 3500 евра.

Бојан Јовановски попознат како Боки 13 беше задржан од полицијата на граничниот премин кон Грција, а потоа му беше одредена мерка притвор од 30 дена.
Неговото апсење е главна тема во медиумите веќе неколку дена, а од страна на државните органи е осомничен за „рекет“.
Инаку, Боки во последно време на социјалните мрежи постојано се фалеше со луксузниот живот и често објавуваше фотографии на кои носи скапоцени модни парчиња и се гледа дека живееше на висока нога.

Многумина се прашуваа од каде му се парите за да ги носи најскапите модни брендови, а потоа и како успеа да стане сопственик на медиум.
Тој со уште неколку лица се обвинети дека вршеле рекет на познати бизнисмени од Македонија, а во јавноста, па и во некои медиуми, се шпекулира дека во целиот случај е замешана и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Боки стана познат на целиот Балкански полуостров со неговото учество во реалните шоуа како што се „Големиот брат“, „Двор“ и „Фарма“ па веста за неговото апсење поради рекетарство одекна силно во регионот.

Тој порано носеше женска облека, но во еден момент потполно го промени имиџот – ослабна преку 25 килограми, се ошиша кратко, направи неколку пластични операции и почна да носи скапа брендирана облека. Како што пренесуваат некои наши медиуми, тој и парите од рекетот (1.5 милиони евра) ги добил во чанта од Луј Витон од 35000 евра.

Само да потсетиме, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 и Зоран Милевски (Зоран Кичевец) се обвинети за примање награди поради незаконито влијание, а Јовановски и за перење пари и имотна корист стекната со криминал. И на двајцата на 15 јули им е одреден притвор од 30 дена.

Боки сега се наоѓа во Шутка, во специјалното хашко одделение …