На Инстаграм секогаш е гром, но еве како Агнеса изгледа навистина кога ќе се соблече во костим за капење
Таа и облечена го одзема здивот, но погледнете ја како блеска и во овие летни изданија
Таа се разладуваше во Егејското море и изгледа БУКВАЛНО СОВРШЕНО, а ги покажа и тетоважите на своето тело
Познатата инфлуенсерка Агнеса Органџиева престојува кај нашиот јужен сосед, каде се снимаше на плажа.
Таа покажа како се опушта додека пие коктелчиња и се разладува во морето, но и какви костими за капење носи.
Па така по минијатурниот розов модел на костим за капење преку кој носеше и проѕирен фустан од мрежа под кој се гледаше сé, Агнеса сега го покажа и својот црн модел зачинет со светкави детали.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Таа позираше додека седеше на лежалката, држејќи ги коктелот меѓу нозете, додека на лицето имаше црни очила за сонце.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
И ако судиме според коментарите, Агнеса никогаш не изгледала поубаво, за што сведочи и нејзината следна фотографија.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Имено, Органџиева овој пат позираше покрај морето облечена во тесна и куса бела креација во која изгледаше како манекенка, па и во ова издание им ги привлекуваше погледите на многумина што во тој момент се најдоа во нејзина близина.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Во центарот на вниманието беа и нејзините тетоважи, што ги има на раката, но и на нејзиното тело…
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Повеќе детали од ова издание на Органџиева побарајте во фотографиите што следуваа во продолжение…