На девојчето (6) и го фрлив појадокот во ѓубре – таа е насилничка, еве што и направи на мојата ќерка
Една мајка ги изненади сите со своето однесување
Една мајка доби пофалби од многумина што влезе во војна со шестгодишна насилничка од одделението на нејзината ќерка.
Една мајка беше револтирана и бесна откако нејзината шестгодишна ќерка се вратила плачејќи затоа што ученичка од нејзиното одделение и го украла пластичното кутивче за храна за кое платиле 50 долари.
Мајката откако видела дека училиштето не преземало никакви мерки, решила да ги земе работите во свои раце.
Фото: Илустрација
Џенифер од Тексас го распакувала ранецот на својата ќерка кога видела дека и недостига нејзиното потполно нова кутија за храна.
Тогаш ќерката и кажала дека Одри, нејзината сокласничка, ѝ го земала и не сакала да го врати, а учителката не инсистирала да ѝ биде вратена бидејќи станува збор за „обична пластична кутија“ за појадок.
Фото: Илустрација
Мајката следниот ден побарала состанок со учителката и директорот на кој и кажале дека е најдобро Одри да ја задржи кутијата уште еден ден затоа што во неа таа веќе го донела својот појадок.
Но мајката исфрустрирана што не преземаат мерки, ја земала храната на Одри и ја фрлила во корпата за отпадоци.
Фото: Илустрација
Таа потоа и го дала кутивчето на својата ќерка, по што шестгодишната Одри почнала да плаче на сиот глас.
„Ја замолив Одри да и го врати кутивчето на ќерка ми, но таа само плачеше“, вели оваа мајка, пренесува Дејли меил.
Фото: Илустрација
„Учителката ме праша дали е во ред Одри да го задржи кутивчето уште еден ден затоа што нејзината храна веќе била внатре, но јас одбив и им кажав дека имаат пет минути да пронајдат нешто друго во што ќе ја стават храната или јас ќе ја фрлам во ѓубрето“, вели оваа мајка.
„Но наместо да најдат решение, тие почнаа да се расправаат со мене, па јас си го земав кутивчето и ја фрлив храната“.
Фото: Илустрација
Џенифер потоа изјави дека не се чувствува виновна заради своето „детско“ однесување бидејќи училиштето им обезбедува бесплатна храна на учениците, а Одри може да си купи своја сопствена кутија за храна, бидејќи нејзините родители ѝ се комшии и живеат во населба во која што живеат луѓе со високи приходи.
Таа го зема ручекот на мојата ќерка бидејќи е насилничка и училиштето не сака да ја дисциплинира, напиша таа на крајот.
Многумина беа со поделени мислења, но повеќето сепак на страната на оваа мајка која реши да застане во одбрана на својата ќерка.
Што мислите, дали оваа мајка е во право?