На граничниот премин меѓу Романија и Србија поминале две жени кои личат на тие од видеото од Виена – „Полицијата проверува два автомобили“
Со преглед на камерите, полицијата утврдила дека на граничниот премин поминале најмалку два автомобили и дека во нив имало лица кои личат на жените од видеото од Виена – пишува Информер.
Преку деноноќно оперативно работење и увид на камерите од граничниот премин Кладово – Турну-Северин, српската полиција дошла до недвосмислен заклучок дека граничниот премин меѓу Романија и Србија го поминале две жени кои личат на лицата од видео кое е направено во Виена и во кое има девојче што потсетува на исчезнатата Данка Илиќ (2).
Ако ја видите Данка, повикајте полиција!
Во моментот на исчезнувањето, малата Данка имала врзана коса во опавче, виолетови панталони, цуцла и јакна со дезен во маслинесто зелена боја. Данка има кафена коса и кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.
Доколку ја видите малата Данка или имате некаква информација каде се наоѓа, јавете се на 192 и веднаш известете ја полицијата!
-Полицијата со прегледување на камерите утврдила дека најмалку два автомобили поминале на граничниот премин и дека во нив имало лица кои личат на жените од видеото од Виена – пишува Информер.
Дали во едно од тие возила било скриено девојче за кое се претпоставува дека е малата Данка? Се ќе се утврди, ќе се открие целата вистина за исчезнувањето на Данка Илиќ – пишува Информер.