На Германија и се потребни мајстори – плочкари, молери и градежници од Македонија отсега ќе се вработуваат и без бугарски пасоши
Германците се во потрага по работници
Во Македонија веќе се чувствуваат последиците од големите потреба на Германија за мајстори и занаетчии – денес се потешко и поскапо можете да најдете мајстор во нашата земја. А во Германија се уште се бараат мајстори и тоа од сите струки, така што голем дел од оние што останале во Македонија планираат во блиска иднина да заминат и да најдат работа во оваа развиена европска земја.
Поставување на плочки, молери, потреба од водоинсталатер – во Македонија тоа во главно функционираше преку познаници и пријатели коп имале добро или не татко добро искуство со некои мајстори. Но веќе подолго време трае вистинска потрага по истите – и тоа како никогаш досега. Во некои градови од внатрешноста плочкари речиси и да нема, а до оние што останале тешко се доаѓа.
Не дека нема добри мајстори кај нас, но тие сега ја бараат својата цена, а многу од оние што досега ви завршувале работа, едноставно повеќе ги нема, заминале. Кој во Германија, кој во некоја друга европска земја.
Од друга страна претседателот на Здружението на германските стопанственици Ханс Петер Волсајфер вели дека се уште е голема побарувачката за мајстори во Германија. И тоа се однесува речиси за сите сектори, од градежништво, до санитарни инспекции и монтажери, па се до изградба на патишта и телекомуникациски системи. Недостасуваат дури и месари и работници во прехранбениот сектор. Според него, мајсторските работилници мораат да одбиваат работи бидејќи немаат доволно луѓе и тоа не се однесува само на приватниците – големиот размер од таков недостаток би можел да загрози и големи државни проекти како изградба на германски автопатишта и мостови, како и поставување на подобра телекомуникациска мрежа.
И шефот на германскиот Завод за вработување Детлеф Шил потврдува дека занаетчиските работилници во Германија од ден на ден се се’ во поочајна состојба. Според последните статистики, би се нашло место за уште 30.000 мајстори од сите области и дека сега сите се надеваат на новиот Закон за вработување на работна сила надвор од Европската унија, а кој стапува на сила во март.
„На сите ни е јасно дека нема уште на 1. март сите потребни 30.000 мајстори да ни стојат на портите“, вели Волсајфер. Можеби на почетокот ќе дојдат само неколкумина, но тој е уверен дека со тек на време ќе стигаат многу повеќе, и можеби на крај нема да бидат 30 туку 50 илјади.
„Но со тек на време и за нив ќе има работа“, вели претседателот на Здружението на стопанствениците.
Бидејќи на германските занаетчии им оди добро – во 2019 повторно го зголемиле вкупниот промет и се очекува пораст од околу 4%. „За следната година во некои сектори се покажуваат слабости во динамиката, но вкупниот раст ќе биде над 3% и тоа е сигурно“. Затоа им порачува на германските политичари – никако не смеете сега нешто повторно да изведувате туку покажете полно гостопримство и излезете им во пресрет на мајсторите што ни доаѓаат од странство. Бидејќи целата германска индустрија зависи од инфраструктурата која треба да ја направат и обноват мајстори – и се ќе биде во неволја ако тоа не се случи, пишува „Дојче веле“.
Во некои земји состојбата е и полоша
„Мораме да се потрудиме Германија да биде атрактивна како одредиште. Бидејќи не доаѓаат само мајсторите, туку и нивните семејства. За разлика од 60-тите години на минатиот век и тогашните гајстербајтери, за тоа мораме да размислуваме од самиот почеток“ порачува Волсајфер. Но исто така факт е и дека Германија на мајсторите им е само умерено интересна. Според истражувањето на Организацијата за економска соработка и развој, Германија е дури на дванаесеттото место меѓу развиените индустриски нации по атрактивност. Факт е дека платата не е лоша во Германија, но даноците и трошоците се поприлично високи, така што животот во Германија НЕ е воопшто евтин, посебно ако сте дојдени со цело семејство и е вработен само еден член од семејството.