Водителка на телевизија Пинк, Деа Ѓурѓевиќ, беше тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случи рано изутрина во Белград.
Како што објави „Ало”, несреќата се случила откако убавата водителка имала полесен судар со друг автомобил. Во моментот кога излегувала надвор од нејзиното возило за да се договори со возачот со кој се судриле што да прават, налетал градски автобус и и’ ја откинал раката.
Деа итно е транспортирана во Ургентниот центар, а докторите нејзината рака ја „ставиле на мраз“ и се обидуваат на секој начин да ја спасат. Иако според првичните информации на водителката раката и била ампутирана на лице место, утврдено е дека таа останала без раката откако на неа налетал автобусот од јавниот превоз во Белград, а лекарите од болницата се обидуваат на секој можен начин да ја спасат.
Таа сега е во операциона сала..
Колегите во шок
Нејзината колешка Јована Јоксимовиќ кога ја слушна веста се расплака во живо пред камерите.
Таа беше видно потресена од случајот додека го слушаше известувањето од лице место.
И додека на очите и се познаваа солзи, не можеше да изговори ништо освен што од усните можеше да и се прочита зборот „Страшно“. Видно потресен беше и водителот Срѓан Предојевиќ, па емисијата ја продолжија со прилог.