На водителката од „Ѕвездите на Гранд“ и ПОПУШТИЈА КОЧНИЦИТЕ?! Што се случува со Сања Кужет?
Познатата водителка повторно ги изненади сите со своите морски фотографии на кои изгледа како сирена!
Познатата водителка од популарното талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет, ужива во заслужениот одмор со семејството.
Таа сподели неколку фотографии на кои позира во костим за капење и предизвика лавина од позитивни реакции.
Откако само неколку дена претходно го покажа човекот што и го украде срцето, убавата водителка сега позираше сама, но овој пат во издание со кое никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Имено, таа покажа како изгледа во едноделен костим за капење со преубав цветен дезен, потпрена на карпа покрај самото море.
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фотографиите веднаш предизвикаа внимание на социјалните мрежи и сите се согласни дека водителката изгледа беспрекорно.
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед, посебно за нејзината линија која Кужет ја донела до совршенство.
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Таа нема ни грам вишок и покрај тоа што два пати се остварила во улога на мајка, а во една пригода ја откри и нејзината тајна.
Познатата водителка во едно нејзино интервју за магазинот „Глоси“ откри дека за време на бременоста се поправила 20 килограми, но успеала за шест месеци да ослабне и повторно да биде онаа старата.
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Како што самата вели, таа тогаш го исфрлила лебот од исхраната и генерално, не јаде јаглехидрати бидејќи од нив само отекува.
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Таа и денес наместо благи работи, јаде овошје, а големо влијание во нејзиниот изглед има и еден спорт кој го обожава.
„Никогаш не сум била голема љубителка на благи работи. Штом ќе почувствувам дека ми паѓа шеќерот, ќе изедам некое овошје. Некогаш ќе земам и јагоди со шлаг, тоа ми е супер. Година дена активно играм тенис и тоа многу ми помага да останам витка. Тој спорт е мојата љубов од млади денови, но порано немав време да му се посветам. Благодарение не тенисот имам повее елан да вежбам и да бидам во добра форма“, откри тогаш убавата водителка за магазинот „Глоси“.