Периодот на транзиција траеше дваесет и шест години, а црниот облак што се појави над Балканот никогаш не исчезна целосно. И тоа е така до ден-денес …
Јас не сум дел од елитата и дел од богатото општество. Јас сум дете на татко кој припаѓа на изгубената генерација и мајка која е цивилна жртва на безмилосната војна. Овие титули стојат пред нивните имиња.
Од нив е начната колатералната штета. Во тоа време не знаеле дека нивните деца ќе ги остават во темнината и со некоја ефтина сијалица.
Денес го живема тој живот. Демократски, со прекршувања на некои човечки права. На Балканот сè е преку ред: и во продавница, и за документи и за работата и животот. Некои животи се повредни од другите затоа што имаат повластени татковци и минато на кое профитира.
Други се подложени на само убиство за вечното прашање и дилема: дали вашата крв е убиствена или жртвена. Велам дека тоа е само крв, без никакви одредби. Може да содржи хемоглобин и плазма, и секоја од нив има боја црвена. И сите треба да бидеме исти.
Но, дали е така и на сивиот Балкан?