Реклама
Наши ѕвезди

На Атиџе од „Медена Земја“ и се оствари сонот – влезе во студио и ја сними песната за својата мајка и животот со пчелите покрај Брегалница

Реклама

„Не сакам да глумам, сакам да пеам“

Вака Атиџе во едно нејзино интервју им одговори на новинарите кога ја прашаа дали би сакала повторно да глуми.

Маркетинг

И денес конечно, по толку време, таа влезе во музичко студио и сними една од своите песни.

Инаку, главната пртагонистка во документарниот филм Медена Земја, Атиџе Муратова е вљубена во музиката.

Маркетинг

Таа додека е во природата им пее песни на пчелите кои сама ги измислува, а настапи и пред публика.

Имено, таа на 10-от „Македокс“ настапи на сцената заедно со бендот „Фолтин“ кога испеа неколку нејзини песни.

Таа овој пат влезе во студио заедно со фолк пејачот Васил Чамов, и ја запеа својата песна за реката Брегалница.

Во проектот учествува музичкиот тандем Илчо Јованов и Љупчо Соколовски, а главниот „виновник“ кој овозможи да и се оствари сонот на Атиџе е Александар Санев, сопственикот на македонскиот моден бренд „Астибо“.

Во продолжение еве го и текстот од нејзината песна која што се снимаше во студиото „City Sound“ на Соколовски.

Во прашање се неколку стихови кои едноставно не можеме да ги извадиме од глава. Воодушевени сме од генијалниот лик од документарецот, но и од природниот дух на оваа жена која не престанува да не инспирира.

„Чекор по чекор јас чекорам, покрај река Брегалница, Срце стега болки кријам, тебе мила мајко не кажувам.“

„Не плачи мила мајко не жали, тебе мила мајко не оставам. Родно село ќе оставам, туѓа земја ќе заминам.“

Инаку, „Медена земја“ е приказна за Атиџе и нејзиното село Бекирлија. Таа е една од последните негувателки на диви пчели во Европа и нејзиниот напор да ги спаси од алчноста на луѓето е главниот мотив во документарецот. Документарниот филм досега има освоено бројни награди низ целиот свет, а предизвика големо внимание и на Оскарите.

Токму затоа и на црвениот килим во Лос Анџелес немаше некој што не сакаше да се слика со главната хероина во документарецот, а по Оскарите таа се врати во своето родно село.

Таа и сега живее таму, заедно со своите пчели, на кои всушност и им ги пее своите песни.

Но овој пат нејзината песна ќе можат да ја слушнат сите, а тоа воедно е и сонот на оваа прекрасна жена.

Па големо БРАВО за целата екипа!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button