На Анета и Џими од „Молика“ им се оствари сонот – и тоа на денот на куќната слава

Анета и Џими Мицевски од бендот „Молика“ за својата куќна слава Митровден отворија ресторан …

Како што истакна Џими за медиумите, ресторанот е направен со пари од музика и затоа во него секогаш ќе има музика. Отворањето беше во пресрет на христијанскиот празник Митровден кој воедно е и празник на семејството Мицевски. Цените во ресторанот ќе бидат прифатливи за сите, а ќе гостуваат познати музичари од целиот регион.
Ресторанот ќе се вика „Вила Молика“ и се наоѓа во населба Довлеџик, на патот кон Брусничка населба во Градот на конзулите, а на свеченото отворање беа присутни бројни познати имиња од нашата естрада.

За веселата атмосфера се погрижија момците од „Енерџи бенд“ и Ѓоко Јовиќ, но тука беа и Татијана Стефановска, Влатко Лозановски и уште многу други колеги и соработници.

Инаку, бендот „Молика“ постои повеќе од 20 години и важи за една од најпознатите фолк состави во Македонија. Тие се многу популарни и меѓу нашинците во дијаспората, а минатата година ги изненадија своите обожаватели кога наместо промоција на нивниот албум парите ги донираа во Домот за доенчиња и мали деца без родители во Битола.
Џими и Анета имаат и своја фирма за транспорт, па од се срце им посакуваме да им тргне бизнисот и со ресторанот.