Реклама
Наши ѕвезди

На Андријана и се случи незгода во текот на финалето – пејачката во „шок“, ова не го очекуваше

Момент што нема НИКОГАШ да го заборави

Реклама

На пејачката и пукнаа панталоните и тоа во најважниот момент, а таа регираше потполно опуштено…

Пејачката Андријана Петрушовска имаше мала незгода во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ која што малкумина ја забележаа.

Имено, додека водителот го соопштуваше резултатот и сите беа исчекување, таа сс држеше за главата и седеше на столчето.

Маркетинг

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Но кога водителот го прочита нејзиното име, Андријана мораше да стане, а водителот ја праша:

Маркетинг

„Дали си жива?“ на што таа му одговори:

„Да, жива сум. Ми пукнаа панталоните, да не се вртам позади“, изјави Анријана со насмевка на своето лице.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Пејачката сега го сподели овој момент од шоуто на социјалните мрежи и под снимката го напиша следново:

„’Ми пукнаа панталоните’ e мојот нов синоним за ‘среќна сум’. Роллеркостер од емоции во тој момент и една анегдота од ова патување за цел живот!“ напиша Петрушовска на својот Инстаграм.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Потсетуваме, Андријана заедно со Мики Секуловски и Мелиса Зијадиќ остварија одличен резултат во финалето од Ѕвездите на Гранд.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Мелиса го освои високото петто место, додека Андријана и Мики заедно со Шејла Зониќ беа меѓу тројцата најдобри.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Победничка во шоуто беше Шејла, додека Мики во финалето го освои второто место, а убавата Андријана – третото.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Ова секако е неверојатен успех за талентираната Македонка која по финалето за „Гранд.онлајн“ го изјави следново:

„Ова е многу голем успех. И јас се чувствувам како победник, честитки за Шејла што победи, таа ми беше една од најдобрите другарки тука во натпреварот и ова ми е исто како на мене да ми се случи“, изјави Андријана покажувајќи дека се радува за својот успех, но и за успехот на Мики и Шејла.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Потсетуваме, Андријана со неколку настапи во текот на шоуто ја освои публиката, но нејзината изведба на песната „Јовано, Јованке“ кога се појави со старото македонско знаме со „Ѕвездата од Кутлеш“ дефинитивно ќе остане како еден од најдобрите настапи во „Ѕвездите на Гранд“ воопшто.

Ова секако најмногу се однесува за публиката од Македонија, а како сето тоа изгледаше, потсетете се во продолжение…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button