Реклама
Секс

Најчести причини зошто жените ги изневеруваат своите партнери

Реклама

И жените изневеруваат како и мажите, но тие тоа го прават поради други причини

Едно од најчестите верувања е и тоа дека мажите многу почесто одлучуваат да направат прељуба во врската што не е точно. Вистината е многу поразлична, велат експертите за машко-женски односи, и нагласуваат дека денешните жени исто толку често се впуштаат во попатни и паралелни врски, и тоа не треба воопшто да ве изненади.

Маркетинг

А дали знаете зошто жените изневеруваат?

Маркетинг

За разлика од жените, мажите ќе одлучат да направат прељуба многу побрзо и полесно, бидејќи претставничките на понежниот пол речиси никогаш нема да го направат тоа без причина и без добро да размислат. Ако жената не чувствува дека партнерот го цени она што таа го прави за нив двајцата, за нивниот брак или врска, за семејството и домот, и дека ја зима само здраво за готово, тоа потврдата за својот квалитет ќе ја бара на друга страна.

На второ место, најчестите причини за неверство се наоѓаат во одмаздата. Можеби таа ќе му прости што „шарал“, можеби нема ни да му спомене, но таа, ако и го скршил срцето, ќе му врати и тоа со камата. Ќе се обиде да му врати со иста мерка и да ја залечи повредена суета.

Некои жени се помируваат со недостаток на љубов, но постојат и оние кои не можат да живеат без пеперутки во стомакот, без додворување, излив на нежност и убави зборови. Во оваа категорија најчесто спаѓаат мажените жени кои не сакаат да ги фрлат под нозете годините на заедничкиот живот, но не сакаат ни да ги изјаснат потполно нивните чувства.

Иако жените ретко изневеруваат само заради секс, не се подготвени ни да се откажат од него. Ако овој сегмент од врската или бракот не функционира, ако таа чувствува постојана фрустрација бидејќи партнерот не може или не сака да ја задоволи, ќе го побара тоа на друга страна.

Фото: Unplash

Поврзано

Back to top button