Реклама
Новости

Најчевска „распали“ на социјалните мрежи, а се огласи и пратеничката со скафандерот

Реклама

Викендов присуството на ковид- позитивни пратеници облечени во Скафандери кои се појавија во Собрание за да се изгласа законот за петтиот пакет на антикризни мерки од Владата предизвика бурни реакции во Македонија, но и на Балканот.

Имено еден од пратениците кои во Собрание пристигнаа со возило на Брза помош, облечени со скафандер, ракавици и две маски на лицето беше и пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

Маркетинг

Иако имаше купишта негативни коментари, закани, критики, сепак имаше и такви кои на некој начин ја оправдаа ова постапка.

Една од нив е професорката Мирјана Најчевска која денеска распали на социјалните мрежи по оние како што таа вели,„ што се уплашија дека ќе се заразат од пратениците, а сѐ прават Собранието да не профункционира“.

Маркетинг
ФОТО: принтскрин/ Јутјуб

„Овие што се уплашија дека ќе се заразат од пратениците кои дојдоа да гласаат во скафандри се истите оние кои си се гушкаат по штабови, и се муваат по улици на протести и не излегоа од кафаните, и, лижат лажичиња по цркви, и слават родендени, и се туткаат низ самопослугите и …?

Тоа се истите тие кои не дозволија ни да се размислува за електронско Собрание и гласање?

Оние кои измислуваат начини Собранието да не функционира?

Оние кои поднесуваат илјадници амандмани кои немаат ни основа ни смисла, ама им личат на нешто што треба да го прават?

Која срамота бре и која мизерија да присилите болни луѓе да доаѓаат за да може да се одвива работата на Собранието. Па уште да се фрлате у неола и да мафтате со закони и Устав и као нешто ептен сте биле загрижени за здравјето.

Неписмена багра“, остро реагираше Најчевска на фејсбук.

ФОТО: Мирјана Најчевска/Фејсбук

Ова е само една од низата реакции кои ги предизвика Пратеничката која своето присуство на седницата го најави преку социјалните мрежи.

„Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании.“ најави Стојчевка која нагласи дека е позитивна на Ковид 19, но добро се чувствува и дека сака народот да победи.

„Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив.

А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата.

Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава РАЗЛИКА ИМА меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно меѓу тоа да правиш СЀ ЗА народот и да правиш СЀ ПРОТИВ народот.„ напиша во неделата Бисера на својот фејсбук профил.

Секако веднаш следеа илјадници коментари под објавата на пратеничката, а дел од нив беа критики, нио и закани, по што таа откако се изгласа Законот повторно се огласи на социјалните мрежи и порача дека тоа го направила за доброто на народот, а не дека отишла таму за да пие кафе со колегите и да шета низ Собрание и потенцираше дека ништо не и можат искажаните клетви.

ФОТО: Бисера Костадинова- Стојчевска /Фејсбук
ФОТО: Бисера Костадинова- Стојчевска /Фејсбук

„Ооооооо ботови партиски, следбеници, обожаватели, вљубеници, фанатици и слични својства на обожување кон ликот и делото на ВМРО ДПМНЕ, Левица, рекетари, “новинари”, “ лечени” новинари, луѓе кои дома немаат друга работа освен да колнат, псујат и да ми ја мешаат фамилијата, универзитетски професори од кои се очекува да се залагаат за вистината а не да бидат први кои ќе ги допотпалат огнот и разно разни “експерти” кои не го владеат MS Word :не ме думајте дотолку, јас сум супер! До клетвата да напишевте со помин, можеби ама МОЖЕБИ ќе ви се поништеше клетвата… сега веќе доцна е…

Ама ако…се ќе издржам, и да ме колните и да ми пишите дека ќе одам затвор, и дека “готова сум”! А најсочните коментари ќе си ги задржам за себе, за да еден ден се потсетам каква никогаш не смеам да бидам! Ни под разно!“ напиша Бисера на фејсбук.

Во статусот ги вклчучи и оние преку граница кои според неа не плаќаат данок ДОМА и воопшто не си ја гледаат фамилијата тука.

ФОТО: Бисера Костадинова- Стојчевска /Фејсбук

 

Вие од зад граница- со вас ќе дебатирам кога ќе се вратите тука, ДОМА, ќе плаќате данок како мене, ќе плаќате сметки, САМИ ќе си ги подмирувате трошоците и ќе гледате фамилија ТУКАААА!

Јас денес, по советување со инфектолог, одчучив дека треба да одам да гласам за да се ослободи петтиот пакет мерки од рацете на тие кои се корзираат до ск а не влегуваат на работа! И во овие 8 месеци како пратеник се прашував: како е можно ДОБРОВОЛНО да прифатиш да си народен пратеник а да не сакаш да функционира институцијата каде си избран од народот?!?? За кој?? За доброто на граѓаните!!! Како е можно да се блокира работата заради БОЛНИ пратеници?? Значи, не дека некој од хир не доаѓал, туку од болест!!!

Апелирам- едноставно- да не се лажи безобразно!!! Ниту со колегата шетавме низ собрание ниту бевме таму за кафе! Во собрание се работи, не се оди за кафе и шетање! ГТЦ е во близина, кој сака да шета нека изволи! Да не ве лаже колегата Мицевски, не шетавме низ собрание а најмалку изложивме бекој колега од службите или колега пратеник! Без гајле, помина времето кога пратениците меѓу себе не си веруваа и си штетеа еден на друг!

Упатете ги вашите отрови кај пратениците кои во еден месец се на работа не повеќе од 15 минути! Тие некако не ви сметаат дека ви ги јадат парите за Џ?!?!?

Еден збор за колешките пратенички од опозицијата: наместо да мудрувате на социјалните мрежи, можевте да застанете на страната на граѓаните и да гласате! Наместо да ми попувате месеци уназад дека треба ние жените да се издигнеме над партијата, вие останувате заробени во инаетот, суетата и партиските парадигми!

Ниту еден безобразен збор, клетва, “добронамерна” желба нема да ме поколеба да го работам она за што сум избрана- помош за граѓаните!!!!! Џабе ви е секој лош збор кон мене! Или ајде вака: и на главче!!

П.с. Некако не колневте кога Грујо and co. фрлаа пратеници од собрание за да се изгласа Скопје 2014???? Дека “ немавме за леб а трошевме за чоколадо”?!

Ако ако и пак ако!!! Застанувам на страната на граѓаните сега и секогаш!!!

И за крај, следете ми го профилот како денес, ќе се запознаете со сите мерки кои ги пружа Владата за помош на граѓаните!“, гласи реакцијата на пратеничката на СДСМ.

ФОТО: Бисера Костадинова- Стојчевска /Фејсбук

Секако оваа случка не остана езабележана и во регионот.

Имено неколку српски медиуми го пренесоа целиојот настан велејќи дека пратеници се појавиле во скафандери и гласале за донесуваље на закони, по што опозицијата обвини за кржење на Законот поради непочитување на изолација и следење на кривична пријава.

Сеако и таму не остана овој случај незабележан, следеа низа реакции, па македонските пратеници станаа хит во регионот

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button