Најцрниот цвет на светот што ќе ве освои на прв поглед – изгледа боженствено во контраст со шарените цветови (фото)

Ќе се заљубите во неа
Дури и најголемите обожаватели на петунија можеби не знаеле дека постои црна петунија, која исто така е наречена кадифена петунија или црна плишана петунија.
И навистина, ливчињата од овој уникатен и елегантен цвет се чини дека се изработени од најдоброто кадифе, но покрај меката страна на црните петунии, тие имаат и една „поостра“ страна – на стеблата имаат лепливи влакна со кои тие фаќаат мали инсекти.
На овој начин црните петунии се хранат со апсорбирање на хранливи материи по умирањето на инсектот. Оваа мистериозна убавина е добиена со природно одгледување во САД пред повеќе од десет години, и тоа со мешање на боите на петунијата што може да се најде на пазарот и со тоа се роди нова sвезда на хортикултурата.


Љубителите на цвеќето и градинарството сигурно ќе забележат дека црната петунија создава прекрасен контраст со разнобојните цвеќиња и затоа оваа мистериозна убавица вреди да се додаде во вашата цветна колекција.


Покрај бојата, лесно ќе ве привлечат и нејзините цвеќиња во форма на труба, кои се создадени со намера да привлечат пеперутки и колибри во градината.


Петуниите се исклучително чести и популарни растенија, тие можат да се одгледуваат во саксии, жардиниери, висечки жардиниери и да цветаат од средината на пролетта до средината на есента. Ако црната петунија ве воодушеви и вие би сакале да ја садите, треба да знаете дека семето на оваа петунија треба да се чува на ладно и суво место, без изложување на директна сончева светлина. По садењето во градината, приказната се менува бидејќи на цветаната петунија и треба многу сончева светлина и добро наводнувана почва.
За да може растението да цвета, овенетите цвеќиња треба веднаш да се отстранат, а на крајот на летото треба да се поткастрат за да се поттикне нов раст.
Погледнете ги и останатите цветови…