Какви високи потпетици се во мода?
Deichmann
Високите потпетици што се поголеми од 7.5 сантиметри го менуваат начинот на кој чекориме – со нив нашите чекори стануваат пократки, поголемиот дел од телесната маса е насочена кон предниот дел од стапалата и така ја нарушуваме рамнотежата на телото. Но од друга страна не е пожелно да ги носиме и моделите со потполно рамни пети, особено не за оние со рамни стапала. Затоа секогаш е подобро да изберете мало извишување од барем 2.5 сантиметри кои стапалото го ставаат во постабилна позиција. Токму затоа и чевлите со потпетици од околу 5 сантиметри можат да бидат совршено решение. Тие визуелно го издолжуваат телото, а истовремено се и многу поудобни од оние модели со поголеми потпетици. Ние денес решивме да бидеме малку вредни и од есенската понуда на познатите брендови избравме неколку модели со високи потпетици до 5 сантиметри. Погледнете и пронајдете ги вашите фаворити меѓу нив …