„Најубав ми е“ – Кристина Димитриевска ја најде вистинската љубов, заедно се 24 часа
Македонската пејачка го покажа момчето.
Кристина откри дека повторно е силно вљубена и дека со саканиот се заедно 24 часа.
Кристина Димитриевска својата кариера ја започна како модел и манекенка и беше прилично успешна во тоа.
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
Но, веќе некое време се занимава со музика и во тоа поле е максимално професионална.
Редовно има настапи низ клубовите во земјава и за секој нејзин настап се бара билет повеќе.
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
Кристина изгледа светски, а се труди и така да биде на сцена.
Таа е целосен пакет – изгледа, пее и танцува прекрасно.
Секој нејзин настап е осмилен до перфекција со кореографија.
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
Иако е кратко на музичката сцена, таа доживеа успеси за какви мечтаат повеќето пејачи.
Кристина ретко зборува за својот приватен живот.
Неколку години беше во брак со пејачот Даниел Кајмаковски со кој го имаат синот Давид.
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
По нивниот развод, Кристина и Даниел прекинаа секаква комуникација, а таа многупати за медиумите има изјавено дека Даниел воопшто не се грижи за нивниот син.
После разводот таа никогаш повторно не покажа со кој е во врска, но сега одлучи да открие дека повторно е вљубена.
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
Одговарајќи на прашања на следбениите на Инстаграм таа кажа дека нашла сродна душа, момче со кое вели дека се заедно 24 часа на ден, но дека сепак нема да го открие неговиот лик, бидејќи саканите не ги покажува на Инстаграм.
„Најубав ми е“, потенцираше таа.