Најубавото момче на светот си ја бакнува и гушка Сузана Турунџиева – таа се стопи во неговата прегратка
Македонската водителка ги воодушеви фановите со овие свои фотографии
Турунџиева не можеше да одбере една фотографија, па ги објави сите.
Откако ѝ заврши летниот одмор, се врати веднаш во неговите прегратки.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Сузана Турунџиева е жена со многу таленти и богата кариера зад себе.
Иако е одлична во сите професии на кои се посветува, во приватниот живот се соочила со многу предизвици.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Само храбри и силни жени може да се издигнат како Феникс од такви ситуации.
Приватно е мајка и баба и секој слободен момент ужива додека го поминува со најблиските.
Од првиот брак со пливачот Александар Маленко ја има ќерката Лора, а од вториот брак со Марјан Јовановиќ ја има ќерката Матеа.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Но, она што ја прави најсреќна и најисполнета е улогата на баба на преслаткиот Јаков.
Честопати на социјалните мрежи споделува фотографии од времето поминато со Јаков.
Јаков ужива да се дружи со баба, а најмногу во зедничките прошетки.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Сузе изминативе денови беше на летен одмор, но веднаш по враќањето отиде во прегратките на Јаков.
На Фејсбук веднаш сподели нивни заеднички фотографии, а во опис напиша:
„Кога имаш чест да те бакнува најубавиот дечко на светот, ај да те видам одбери само 1 слика“.