Најубавиот супер модел ги одушеви фановите со заедничката фотографија со својата сестра близначка
Познатиот бразилски модел минатиот викенд го прослави својот 39-ти роденден, но таа не беше единствената личност во семејството која го славеше роденденот.
Жизел Бундхен има сестра близначка, која се вика Патриција Нененмахер Бундхен, и таа не е јавна личност, но за роденден таа доби „5 минути слава“, благодарение на честитките на нејзината позната сестра.
“Среќен роденден на мојата друга половина, денес сме физички одделени, но засекогаш се поврзани во срцето. Ми недостасувате и ви посакувам сета среќа во светот. Те сакам!” напиша Жизел Бундхен под фотографијата со својта сестра која ја објави на Инстаграм. Освен Патриша, Жизел има уште четири други сестри Гразиел, Рафаел, Габриел и Ракел.
Роденденот и го честиташе и сопругот Том Брејди. “Ти си светлина која ги осветлува нашите денови. Те сакаме многу”, напиша Брејди.
https://www.instagram.com/p/B0JyZPCAKA_/?utm_source=ig_embed