Најубавата политичарка во Албанија откако се разведе од сопругот НЕ престанува да ја интересира јавноста (фото)
Целата опозиција во Албанија се дигна против премиерот Еди рама откако ЕУ одби да и даде датум за почеток преговорите.

Популарната албанска политичарка Грида Дума (42) е една од најгласните во парламентот кои бараат негова оставка. Таа важи за една од омилените и најшармантните политичарки во земјата, но и многу повеќе од тоа.
Грида има дипломирано социологија на Факултетот за општествени науки во Универзитетот во Тирана, а пота заврши и постдипломски студии на Централноевропскиот универзитет во Унгарија и Универзитетот Небраска – Линколн во Сад. Таа има магистрирано на администрација на Универзитетот во Тирана и има докторат по економија.

Грида е член на демократската партија каде е секретар за односи со јавноста, а во владата на Сали Бериша беше заменик министер за европски интеграции (од 2011 до 2013 година). Има работено како професорка на разни универзитети во Албанија, а била и шеф на катедрата за социологија на факултетот за општествени науки во Тирана.

Таа често гостува во емисии каде дава анализи за различни феномени, но јавноста е интересна и поради приватниот живот.

Имено, таа оваа пролет се разведе од својот сопруг по 22 години брак. Беше омажена за Илир Шкин со кого има син. Интересно е тоа што Дума се вљубила во дипломатот и професорот Шкин додека била негова студентка. Откако се разведе од него, се шпекулира дека е во врска со колегата од партијата Ервин Саљани во чие друштво новинарите наводно досега повеќе пати ја имаат видено.


Таа важи и за една од најубавите дами во албанскиот јавен живот. Често се наоѓа и на листите со најдобро облечените жени во Албанија, а само на социјалната мрежа Инстаграм има околу 50.000 фанови.