Реклама
Интервју

Најубавата МЕТЕО ПРЕЗЕНТЕРКА: Што се крчка во кујната на ЕЛЕНА МАНОЈЛОВСКИ?

За мене забрането е секогаш благото и тоа е секогаш некое поголемо парче торта или 2-3 реда убаво чоколадо со лечници, вели презентерката

Реклама

Нашата најубава метео презентерка, Елена Манојловски, е дамата која сите сакаат да ја слушаат кога зборува за тоа какво време не’ очекува.

Дипломиран професор по македонски јазик, но веќе подолго време е дел од медиумскиот свет како презентарка за временска прогноза.

Маркетинг

И додека во светот постојат различни стереотипи за девојките од метео, секси девојките кои впрочем едвај да ги  слушаат што кажуваат за времето , туку сите „зјапаат“ во нивното мини или деколте, ние ја имаме Елена која и така атрактивна, убава, не може, а да не ја слушаш што кажува на телевизија  кога начинот на кој што известува е строго професионален.

И покарај тоа што понекогаш ќе не занесе со својот шарм , оваа млада атрактивна дама важи за една од најубавите Македонки, жена со совршени облини. Се обидовме да ја запознаеме малку повеќе Елена.

Маркетинг

Што јаде за да изгледа фит? Што не јаде, а што никогаш не пробала? Ја поканивме да биде дел до нашата рубрика -ПОЗНАТИТЕ ВО КУЈНАТА. Еве што се крчка во кујната на Елена Манојловски…

Дали сакате да готвите?

Да, сакам да готвам иако можеби ќе личи како клише одговор сепак кујната е местото во кое можам да ги покажам моите креативни идеи секојдневно.

Дали сте брзи или бавни во кујната?

Готвам и брзо и споро во однос на тоа колку време имам на располагање, доколку сум слободна може да биде и покомплициран рецепт?

Кој е најкомплицираниот рецепт што знаете да го направите?

Не би можела за себе да кажам што најдобро готвам, но најчесто готвам комбинација на зеленчук со пилешко месо.

Кое ви е омилено јадење?

Јас морам да признаам не сум некој гурман, многу повеќе сакам да приготвам за другите и сето тоа да биде убаво сервирано и декорирано, ако веќе одбирам тоа ќе биде некоја салата.

Што преферирате повеќе благо или солено?

Па уживам подеднакво и во солени и во благи закуски во зависност од денот.

Има ли нешто што не јадете?

Не сум љубител на месо и месни производи, едноставно не е храна која ми се допаѓа.

Кое е најубавото нешто што сте го пробале од храна?

Еден од поновите рецепти кој е едноставен а вкусен е тирамису во чаша, го подготвувавме заедно со Ирена во утринска на Телма, бара малку време а е вистински погодок.

На кој начин најчесто ги откривате рецептите?

Рецепти најчесто наоѓам на интернет, интересни комбинации и декорации кои освен на вкус се примамливи и за око. Но секако има неколку традиционални рецепти кои ми се многу драги а на кои ме научила мојата мајка.

Дали сакате да ескпериментирате во кујната или се држите за традиционалната кујна?

Најчесто сакам да експериментирам, има неколку традиционални јадења кои секако не би ги менувала, но во денешно време со толку нови идеи и можности секако уживам да експериментирам внесувајќи секако и мои солствени идеи.

 

Дали во Македонија има добра храна? Кој е најдобриот македоснки специјалитет?

Во Македонија има одлична храна спој на преубави вкусови кои ретко каде може да се најдат. Посната сарма е моето јадење бр 1 од македонската кујна.

Што им препорачувате да пробаат на гостите од странство?

Најчесто им ги препорачувам оние јадења кои се автентични за нашето подрачје, тавче гравче, сарма, пинџур, пита со праз и зелка…

Дали знаете да се опуштите со нездрава храна? Што јадете од „забранетото“?

Па секако дека знам да се опуштам особено во зимскиот период околу многуте празници кои ги имаме. За мене забрането е секогаш благото и тоа е секогаш некое поголемо парче торта или 2-3 реда убаво чоколадо со лечници 😁

Што преферирате повеќе овошје или зеленчук?

Не можам да се одлучам помеѓу овошје и зеленчук затоа што се подеднакво застапени секојдневно во мојата исхрана и се мојот прв избор секогаш, би можела без сè но без овошје и зеленчук не.

Има ли нешто што никогаш не сте го пробале од храна, а сакате да го пробате?

Има многу специфични специјалитети кои би сакала да ги пробам особено од француската и италијанската кујна.

 Дали консумирате алкохол?

Алкохол не конзумирам воопшто, единствено понекогаш голтка две за здравица.

 

Кој ви е омилен пијалок?

Омилени пијалоци кои секојдневно ги конзумирам ми се вода, чај и кафе и баш по тој редослед😊

Што би одбрале ручек со пикник или ручек во елитен ресторан?

Секогаш кога имам можност да одбирам, одбирам природа па затоа би одбрала пикник.

 

ТИРАМИСУ ВО ЧАША

РЕЦЕПТ ОД ЕЛЕНА МАНОЈЛОВСКИ

Тирамису во чаша

-120 гр шеќер во прав

– 300 гр слатка павлака

– екстракт од ванила

– 250 гр маскарпоне сирење

– пишкоти

– шолја еспресо кафе

Подготовка:

Во сад се става шеќерот во прав, се додава слатката павлака и сето убаво се мати. Во друг сад ги ставете маскарпоне и екстрактот од ванила и убаво мешате.

Во шлагот додајте ја смесата од маскарпоне и ванила и сè убаво измешајте.

Пишкотите исечете ги на половина, потопете ги во кафе и ставете ги во чаша. Истурете ја смесата во чаши и одозгора изрендајте темно чоколадо или посипете со какао.

На здравје!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button