Најубавата македонска стендап комичарка покажа со што располага – природна убавица што го одзема здивот
Нејзините очи се посебна приказна...
Македонската писателка и комичарка Ивана Наскова ужива покрај море и си ги полни батериите, пред да продолжи со своите летни настапи.
Таа е авторка на неколку романи и познато лице од малите екрани, а за нејзините стендап перформанси секогаш се бара карта повеќе.
Но пред да продолжи со обврските што ја очекуваат во текот на летото, Ивана реши да се „рестартира“, па замина да се одмори на море.
Таа на својот профил на социјалните мрежи покажа како ужива додека се сонча, со книга во рацете и по некое коктелче.
Но она со што привлече најмногу внимание сепак беа фотографиите на кои позираше во костими за капење.
Имено, Ивана објави неколку провокативни фотки и сите се согласни дека никогаш не изгледала поубаво.
Облечена во своите омилени модели на костими за капење Ивана го истакна своето извајано тело и никого не остави рамнодушен.
Како што самата ни откри во нејзиното последно Интервју за Гламур магазин, таа се одржува во форма така што се храни здраво.
Не е преголем љубител на местото и ретко го јаде, а во нејзиното мени најзастапени се зеленчук и овошје.
Покрај здравата исхрана, Ивана има навика да пие многу вода и редовно трча, и благодарение на сето ова таа се чувствува енергично, среќно и релаксирано.
Впрочем тоа може да се забележи и од овие нејзини фотки, под кои таа доби бројни коментари на сметка на својот брутален изглед.
Таа со својата топ форма и атрибути ги изненади сите, посебно што е 100 % природна што денес навистина е реткост меѓу познатите дами.
А каква убавица е нашата Ивана и кога е „закопчана до грло“, погледнете од галеријата во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Ивана Наскова
Фото: Инстаграм/ Ивана Наскова
Фото: Инстаграм/ Ивана Наскова
Фото: Инстаграм/ Ивана Наскова
Фото: Инстаграм/ Ивана Наскова
Фото: Инстаграм/ Ивана Наскова
Фото: Инстаграм/ Ивана Наскова