Реклама
Наши ѕвезди

Најубавата Македонка со руско потекло со една фотографија го „зaпaли“ Охридското Езеро – линија каква секоја жена би посакала

Реклама

Оваа девојка не сме навикнати да ја гледаме во вакво издание, но навистина исгледа неверојатно!

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Шармантната русокоса пејачка Викторија Лоба деновиве ги поминува на плажа покрај Охридското езеро, а позираше и во бикини и ја покажа витката ставa.

Лоба позираше во дводелно бикини во корална боја и најави „нешто ново наскоро“.

Маркетинг

Таа важи за една од најубавите пејачки која го преферира природниот изглед, со нежна шминка и елегантни комбинации, но овојпат таа ги изградува фановите и покажа со што располага во мало бикини.

„Нешто ново доаѓа наскоро“ напиша Лоба, но не откри детали за што точно се работи.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Дали е во прашање нова песна или некаква нова реклама засега Лоба одлучи да не открива. Таа веќе подолго време покрај музиката работи и како модел рекламирајќи бројни брендови на својот профил на Инстаграм.

Лоба на Инстаграм покрај моментите од своето секојдневие редовно споделува и платени објави и фотографии на кои изгледа како најпознатите светски манекенки и фотомодели, од кои очигледно добро заработува.

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Иако Лоба важи за една од оние познати личности кои не сакаат да откриваат многу за приватноста, таа во емисија откри интересни детали за себе.

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Македонската пејачка во „Еден на еден“ откри дека го прележалла коронавирусот, но за среќа без никави симптоми, а заразата ја открила сосема случајно кога требала да оди на пат во Хрватска, па морала да остане дома.

ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Лоба има руско потекло, па поради тоа се пошегува, па рече можеби тоа има улога.

– Имав и мирис и вкус. Ми се интензивираше чувството за мирис. Ова е некоја руска генетика, не знам баба ми како мала со што ме хранела, рече Лоба во интервјуто.

Лоба во 2019 година се вери со бизнисменот Ѓорги Калешов, но поради коронавирусот плановите за свадба мораа да почекаат, па сега на прашање до каде е свадба, Лоба одговори „Корона е, има Ковид“, па додаде:

„Повеќето парови сега така функционираат. Најважно е партнерите да се согласуваат и да бидат најдобри другари. И тоа е тоа. Другарките цело време ме прашуваат – „кога фустанот ќе го облечам?“. Моите другарки сите се пејачки, знаеш што ќе биде тоа … Ние уствари ќе си направиме миниконцерт“, вели Лоба.

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Иако нејзиниот љубовен живот отсекогаш бил тајна, таа својата свршувачка ја потврди јавно уште во месец септември.

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба
Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

– Човекот не треба да се менува ако тоа не е пожелно за него, а поради туѓите желби и потреби најмалку. Во таквиот однос нема здрава врска и слобода. Вистинскиот збор е „прифаќање“ тоа е волшебна особина која ја немаат повеќето, а е навистина доблесна особина зошто само така се гради стабилен однос меѓу кои било две индивидуи независно дали во врска, брак, на работа итн. Друга работа е кога поради љубов кон другиот сакаме да се приспособиме, да направиме компромис, а таа одлука не ни создава притисок и негативни емоции. За секаков вид на успех како што кажав потребно е прифаќање, љубов и поддршка. Без тие особини врската нема среќен крај, изјави Лоба во едно интервју за Гламур.

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Поврзано

Back to top button