Холивуд

Најубавата кралица од арапскиот свет во комплет од Зара од 3990 денари

Advertisement

Кралицата Ранија изгледа гламурозни и кога носи релативно евтина облека од шпанскиот бренд Зара.

Advertisement

Јорданската кралица позната е како дама со истенчен моден вкус и која многу добро знае како да балансира измеѓу конзервативниот стил што се очекува од неа и возбудливиот моден избор, што очигледно го посакува.

Па така таа овој пат избра релативно евтина комбинација од Зара со која покажа дека одлично се снаоѓа кога во прашање е комбинирањето на овие два стила.

Advertisement

Сино-кафеавата блуска со интересен дезен ја комбинираше со здолниште во слични бои, но со потполно различна шара. И покрај тоа што дезените се потполно спротивни, убавата кралица успеа да ги комбинира одлично, па делуваше мошне модерно, женствено и смело во исто време.

Таа целото издание го зачини со луксузна кожена чанта.

Во прашање е моделот Нина од модната дизајнерка Габриела Харст која чини околу 2000 долари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button