Реклама
CelebrityХоливуд

Најубавата жена на светот во уште едно фантастично издание

Реклама

Моника Белучи, покажа дека долгиот, црн капут-фустан знае да биде и тоа како привлечен.

Таа овие денови одлучила да нè почести со дури две беспрекорни изданија за време на својот престој во Париз по повод Недела на високата мода.

Маркетинг

54-годишната актерка прво нè воодушеви на ревијата на модната куќа Диор, во елегантен темно-црвен кожен капут со потпис од домаќините на ревијата, а потоа се појави на свечениот настан „Diner De La Mode“, каде повторно воодушеви со неверојатен изглед.

Маркетинг

Моника овој пат одбрала струкиран црн капут до дното, со извезени златни детали и копчиња во истата боја, кој надолу полека се шири и создава илузија на женствена фигура од песочен часовник, што на италијанската секс бомба не ѝ е ни потребно. Ефектниот капут Миника го искомбинира со црна ташна и црни салонки со платформа, додека од накит „фураше“ само златен ланец околу вратот.

Убавата актерка шминката ја довела до миниму и само со црн туш за очи ги нагласила очите, додека своите неодоливи усни ги нашминкала со кармин во неутрална нијанса и докажала дека нејзината убавина не бледее.

Исто така се шират гласини дека за нејзиниот младолик изглед во 55-та година од животот е заслужен и 18 години помладиот сопственик на една уметничка галерија во Париз, Николас Лефербве, со кој наводно е во врска веќе половина година, иако сè уште не е видена со него во јавноста.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button