Тројцата најмлади членови од петочленото семејство ги воодушевија сите со најновата фотографија од Кенсингтонската палата. Имено, во прашање е фотографија на која принцот Вилијам и Кејт Мидлтон позираат заедно со нивните три деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлота, а која всушност претставува нивната божиќна честитка.
Фотографиите се настанати на кралскиот имот Норфолк каде кралското семејство традиционално го минува Божиќ
https://www.instagram.com/p/BrXYSdHFcz-/?utm_source=ig_embed
Разгледницата вклучува и досега необјавена фотографија од приемот по венчавката, а на која Вилијам и Кејт гушнати го гледаат огнометот во Виндсор.
https://www.instagram.com/p/BrXYWCsl0jR/?utm_source=ig_embed
И покрај шпекулациите дека во семејството постои несогласување, принцовите Вилијам и Хари, како и нивните поубави половини, Кејт Мидлтон и Меган Маркл, планираат заедно да го минат Божиќ.