Најточната временска прогноза – погледнете какво време не очекува до крајот на декември
Еве кога да очекуваме постуден бран
Во Македонија, освен на планините и повисоките предели, нема да има снег до крај на месецот, велат метеоролозите.
Според нивните најави во следните неколку дена не очекува сончево време со натпросечни високи максимални дневни температури на воздухот, повремено со мала до умерена локална облачност. Тие ќе се искачуваат во интервал од 9 до 16 степени, но поради релативно високата влажност, но и поради релативно тивкото време во одредени котлини ќе има појава на магла и нешто пониски температури.
Но веќе од среда, односно четврток треба да очекуваме благо заладување, со малку пониски температури
Славчо Попоски вели дека од четврток од запад облачноста ќе се зголеми, а во попладневните часови и навечер од запад ќе започнат повремени локални врнежи од дожд.
Како што можеме да видиме од прогнозите на метеоролозите, снег нема да има во пониските предели (освен на повисоките планини над 1900 м.н.в..)
Снег најверојатно нема да има ни за Нова година бидејќи и во овој период, и покрај тоа што ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоистичен правец, температурите на воздухот ќе останат претежно над просекот.
Според временската прогноза на „AccuWeather“ и оваа и следната недела ќе имаме температури над нулата, а за повеќе информации погледнете ја сликата.
Според оваа прогноза ниски температури и снег би можеле да го очекуваме првиот ден по Нова година.