Реклама
Вирално

Најстариот човек на светот (112) кој го преживеал шпанскиот грип: Никој не знае како ќе ја победиме короната!

Реклама

Најстариот човек на светот, Боб Вајтон, од Алтон, Хемпшир, пред два дена наполни 112 години, но поради короната, тој својата забава ја помина во самоизолација.

 

Маркетинг

Поранешниот учител и инженер е роден во 1908 година. Тој ја преживеа епидемијата на шпански грип во 1918 година, но сега беше принуден да остане во карантин во неговиот стан во Центарот за стари лица.

Минатата година, 111-от роденден се славеше во друштво на многу пријатели, но оваа година короната ја расипа забавата.„Се е откажано, нема гости, нема прослава“, рече тој за Дејли Меил.

Маркетинг

„Читав за последиците во историските книги кога бев постар. Всушност, јас дури и не бев свесен за овој монструм затоа што ниту еден од моите браќа, сестри или луѓе што ги познавав во тоа време не беше заразен “, рече тој, додавајќи:

„Всушност, сигурен сум дека некои биле заразени, но детскиот свет е различен од светот на возрасните. Децата не ги читаа весниците, во тоа време немавме радија, така што не добивме информации како што добиваат денес“, вели Вајтон.

Тој посочува дека хаосот во светот денес го управува вирусот корона и дека е загрижувачки затоа што никој не знае што ќе се случи во иднина “.Тој верува дека, за разлика од борбите за време на двете светски војни низ кои поминал, борбата со Ковид-19 е целосно непозната.

Како што вели, не постои тајна за неговата долговечност.

„Не мислев дека ќе живеам толку долго. Кога сте млади не размислувате за тоа што носи вашата возраст, вие сте зафатени и размислувате само за моментот кога живеете “.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button