„Најстарата жива жена на светот“ го прослави својот 117 роденден со својата 107-годишна сестра: Ја открија тајната на долговечноста- еве што јаделе секој ден…
Тие ја преживеаја и короната...
Цицера Марија дос Сантос е најстарата жена во светот која неодамна наполни 117 години.
фото принтскрин/Дејли Мејл
Таа е жена за која се смета дека е најстарата жива жена на светот. Роденденот го прослави со својата 107-годишна сестра во Бразил.
Цицера на 23 септември го прослави својот роденден опкружена со семејството и пријателите.
фото принтскрин/Дејли Мејл
Цицера Марија дос Сантос наводно е родена во 1906 година а ако се потврди нејзиниот датум на раѓање, тоа ќе ја направи една година постара од сегашната Гинисова рекордерка Марија Брањас Морера (116) од Шпанија.
Таа доби шарена роденденска торта и аплауз од сите гости.
фото принтскрин/Дејли Мејл
Сестрите за локалните медиуми изјавиле дека тајната за долг живот е да се има верба во Бог и да се јаде здраво.
„Мирот Господов нека биде со нас. Кој може да направи повеќе од Бог? А нејзината сестра додаде: „Мораш да јадеш. Грав, пченка, компири.’
фото принтскрин/Дејли Мејл
Цицера поголемиот дел од својот живот живеела во бразилската села. Таму продавала кокошки на локалниот пазар во Параиба, држава на североистокот на нацијата.
Внукот на Цицера рече дека таа „потекнувала од луѓе кои всушност биле поробени“.
фото принтскрин/Дејли Мејл
Тие преживеаја сè од минатиот век и го победија КОВИД“, објасни тој.
„Најголемата среќа на светот е да се биде со нив овде денес“.
фото принтскрин/Дејли Мејл
Цицера ниту нејзиното семејство не истакнаа дали планираат да контактираат со Гинисовата книга на рекорди за официјално да ја заведат како „најстарата жива жена во светот“.