Најсимпатичното видео што некогаш го објавила Богдана Ражнатовиќ – погледнете ги овие кадри, ќе ви го стопат срцето!

Неодоливо видео од првата средба на Малиот Жељко Ражнатовиќ и неговиот братучед Зоран Шијан

Наследниците на Богдана и нејзината сестра Бојана се запознаа, а глетката ги разнежни сите.
Во последните две години за наследничките на пејачките Цеца Ражнатовиќ и Гоца Божиновска многу често се во медиумите, најмногу заради нивниот брачен живот.
Тие се оженија со сестрите Родиќ, Богдана и Бојана, а Цеца и Гоца станаа баби.

Богдана и Бојана не само што и двете станаа партнерки на синовите на познатите пејачки, туку и во слично време се остварија во улоги на мајки и на своите синови им ги дадоа имињата по починатите татковци на нивните сопрузи.

Најпрво во улога на мајка се оствари Богдана која што го роди малиот Жељко Ражнатовиќ, а постарата Бојана неодамна се породи и својот син го крсти Зоран Шијан.

Тие имаат и постара ќерка Наташа која на својот профил на Инстаграм најпрва го сподели преубавото видео од запознавањето на братучедите.

Видеото на кое Жељко го гали Зоран го објави и Богдана и моментот веднаш стана вирален.

И додека малиот Зоран е мирен и спие, наследникот на Богдана и Вељко го гали и воодушевено се смее.

„Не можам да верувам, брате!“, вели машки глас кој личи на гласот на Вељко Ражнатовиќ.
Фото: Инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ
