Холивуд

Најромантичната венчаница на светот – се омажи со 8 години помлад, без градник и со голи нозе, и изгледаше бескрајно нежно

Advertisement

Малин Акерман (40) во саботата се омажи за својот колега Џек Донели кој е 8 години помлад од неа.

Advertisement

Актерката своето судбоносно „Да“ го кажа на интимна церемонија опкружени со блиски пријатели и семејството, која се случи на плажата Тулум во Мексико во максимално опуштено и забавно издание.

Тие беа боси и со стапалата во вода во текот на главната церемонија што се случуваше на плажата. Венчавката траеше кратко, но изгледаше прекрасно.

Advertisement

Невестата блескаше во романтичен слип фустан од брендот „Cushnie“, а изборот на оваа венчаница во нежна розова нијанса со која ги истакна витките, затегнати нозе беше нетипичен, но во склад со настанот.

Креацијата е со длабоко деколте и гол грб, па Малин го носеше без градник. Таа своето издание за најважниот ден во животот не го обремени ни со непотребни детали – носеше само едноставна плетенка и кармин.

https://www.instagram.com/p/Bq7hCHqBmFj/

Беа во екстаза цело време и во потполно блаженство. Се бакнуваа постојано, изјави неименуван извор за „E! News”.

https://www.instagram.com/p/Bq8EcIkgtaz/

 

Инаку ова и е втор брак на убавата шведска актерка. Таа во 2013 се разведе од италијанскиот музичар Роберт Зинкон со кого има син.

https://www.instagram.com/p/Bq6NAkyHTQa/

https://www.instagram.com/p/Bq7RTXoAWj0/

https://www.instagram.com/p/Bq6NCm9HPzi/

https://www.instagram.com/p/Bq6M8zJnJDy/

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button