Реклама
Вирално

Најпосакуваната работа за ова лето и плата 1500 евра – заради КОРОНАВИРУСОТ многу млади ќе го работат ова!

Реклама

Редарите на плажите во Шпанија ова лето ќе заработуваат по 15000 евра месечно

Преку 90.0000 Шпанци се натпреваруваат за 3000 работни места редар на плажа. Работното место се состои од патрола на плажата и предупредувањето на туристите да се придржуваат до мерките и да држат два метри растојание, а оваа работна позиција во овој момент во оваа туристичка земја е една од најпосакуваните за ова лето.

Маркетинг

За оваа работа пред се се пријавуваат млади луѓе. Тоа пред се е така затоа што сепак во прашање е напорна работа, кога температурите се неподносливо високи, а од друга страна затоа што младите Шпанци во моментов се најпогодени од корона-кризата. Повеќе од милион Шпанци заради пандемијата ги изгуби своите работни места – половина од нив се помлади од 35 години, пишуваат шпанските медиуми.

Работното време е од 9 до 15 часот, а платата од 1500 евра нето месечно е нешто над просекот за шпанските прилики.

Маркетинг

Оваа работна позиција ја осмисли регионалната влада на Андалузија. Тие се надеваат дека на тој начин со еден удар ќе „решат“ две муви, вели Ана Целија Гонзалес, управник на цивилната заштита во Малага.

Како што се истакнува, главната цел е спречување на ширењето на заразата и грижа за сигурноста на туристите.

Но со овој проект сакаат и да и помогнат на локалната туристичка индустрија повторно да застане на нозе, бидејќи пред кризата во неа беа вработени повеќе од 300.000 Шпанци кои живеат во овој дел од земјава.

Шпанија, како и многу друг туристички дестинации, во моментов не забележува масовно доаѓање на туристите иако границите се отворени. И бидејќи туризмот сочинува 12 отсто од БДП-то на оваа земја, а речиси 13 отсто од сите вработени Шпанци работат во туризмот и дејностите кои на еден или друг начин се поврзани со овој сектор, нивната власт мораше брзо да реагира за да смисли стратегија како да ја намали вработеноста, посебно кај најмладите, чија невработеност на врвот од кризата изнесување преку 50 отсто.

Во Македонија туризмот на шкрги

Што се однесува до Македонија, во една од најпознатите туристички дестинации Охрид, сезоната како се уште да не е ни започната. Туристичките работници се жалат дека вака досега не било никогаш, а најпопуларните плажи и хотели се празни, како воопшто да не е сезона. Ова секако дека лошо ќе се одрази на туризмот во земјава, а хотелиерите очекуваат наскоро да имаат наплив барем од македонските туристи кои во овој момент не можат да заминат на летување на своите омилени летни дестинации.

Истата е состојбата и со угостителите, според кои досега не било никогаш вака во овој период од годината.

Голем број ресторани се уште се празни, дури и на најпопуларните места, и покрај тоа што угостителите ги почитуваат сите нови мерки за заштита и превенција.

Во однос на тоа дали вирусот се пренесува преку водата, д-р. Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје Скопје, за порталот „Фактор“ објасни дека водата не е медиум за пренесување на коронавирусот.

Без разлика дали станува збор за море, за езеро или за базен, најголемиот ризик од пренос е надвор од водата, на самите плажи. Затоа, препораката е на плажата да се седи блиску само до семејството, a граѓаните да се држат подалеку од непознатите, да бидат на растојание од најмалку два метри“, објаснува д-р. Стојанов.

Овој стручњак за порталот Фактор објасни и дека коронавирусот не може да се пренесува и во базените, прво затоа што вирусот не се пренесува преку вода, а второ, затоа што во базените има хлор, што всушност е дезинфициенс. Сепак, многу е битно со другите капачи да се одржува растојание надвор од базенот.

Нов начин за функционирање

Од друга страна, според министерот за здравство на Македонија, Венко Филипче, се уште е прашање колку вирусот издржува во воздухот.

„Прашање е вирусот колку долго може да издржи во воздухот, но сепак, маската како надополнување сметаме дека е доволна мерка за заштита. Нема некој заболен кој ги почитувал мерките. Ни на изборите нема да дозволиме било какво групирање на гласачките места. Свеста кај граѓаните е се поголема и очигледно е дека луѓето се свесни дека ова ќе биде новиот начин за да се функционира“, истакна Филипче.

Со вчерашната бројка од 163 заболени, во Македонија има 7406 дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата.

Поврзано

Back to top button