Според статистиката во Германија, која секоја година објавува листа на имиња што најчесто им биле давани на новороденчиња, во Берлин минатата година најмногу машки децановороденчиња го добиле името Мухамед.
Од вкупно 22.177 момчиња родени во Берлин во 2018 година, точно 280 го добиле името Мухамед, вели д-р Андреа-Ева Евелс, управен директор на Општество за германски јазик.
Тоа име го има често и во Бремен. Името Мухамед е на второ место зад Бен и пред Елиас.
Според Евелс, на второ место во Берлин е името Луис, кое им било дадено на вкупно 244 момчиња, а трето најпопуларно име е Емил, кое го добиле 234 новороденчиња.
На врвот на листата на најпопуларни имиња на бебиња за 2018 година во Германија, кај девојчињата е Мари додека кај момчињата Паул.