Најпознатиот фолк-пејач во Македонија ја покажа својата малечка ПРИНЦЕЗИЧКА – Спасен им ги стопи срцата на фановите

Не е тајна дека пејачот ужива кога времето го минува со своето семејство и дека на тој начин најмногу се полни со енергија.

Шармантниот Спасен Сиљаноски важи за еден од најпознатите фолк пејачи од помладата генерација и еден од омилените на нашите иселеници.
Но и покрај постојаните обврски што ги има и честите патувања, тој секогаш пронаоѓа време и за своето семејство.
Само неколку моменти поминати со нив и тој веќе е подготвен за нови предизвици во животот, посебно кога е во друштво на својата мала принцезичка.

А како убавицата на тато изгледа и се забавува кога е со него погледнете на следната фотографија.

Инаку, Спасен на социјалните мрежи често објавува бајковити семејни фотографии со кои ги разнежува фановите.



Така беше и овој пат кога објави фотографија на која е покриен со косата на својата мала убавица.
Многумина веднаш забележаа дека си личат и дека имаат ист поглед, но и дека пејачот блеска од среќа кога е со неа.

Инаку Спасен потекнува од кичевското село Пополжани за кое вели дека е најубавото место во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ќе ја добие својата прва хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.

Важи за посветен сопруг и татко, а со својата сопруга Ана освен ќерката имаат и машко дете.

Спасен посебно е приврзан и со неговата мајка Јагода која ги пишува текстовите за неговите песни.


Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
