Најпознатиот плус-сајз модел скокна во секси бикини и со задоволство го покажа целулитот
Ешли Грејем ужива во Мајами со пријателите
Познатиот плус-сајз модел на фотографиите е во потполно опуштено издание облечена во црни минијатурни бикини кои во прден план ги истакнаа нејзините бујни облини, но и ги откри сите нејзини несовршености.
Имено, Ешли уживаше покрај базенот со пријателите облечена во секси бикини со длабоки гаќички воопшто не грижејќи се за вишокот килограми или омразениот целулит, а кога го виде фотографот наместо да се вознемири што ќе протечат нетуширани фотографии во медиумите, таа му се насмевна и му мавна со рацете.
„Порано постојано ми зборуваа дека морам да ослабам инаку ништо нема да биде со мене. Еден агент дури ми фрли пари во лицето и ми кажа дека можам да направам многу, но само ако се решам од вишокот килограми.
Но тоа не ме мотивираше“, изјави во една пригода познатата Американка која го освои модниот свет со своите облини и денес годишно заработува 5.5. милиони долари.