Симпатичниот дедо Тони на престанува да ја интересира јавноста. Откако стана хит се појави на модна ревија за хрватскиот бренд Вартекс, а сега популарна е и песната направена со неговата легендарна изјава.
Талијат Тони Салмани, 82 годишниот пензионер кој ги критикуваше своите врсници што се жалат на разни „бољки“ и сликовито им препорача да практикуваат повеќе физички активности, доби и реперски хит крстен по неговото веќе легендарно „Вежбај, вежбај”.
„Професионално се занимавам со музика и видео продукција, поминувам многу време пред компјутерот. Понекогаш за опуштање ќе направам некој ремикс и го објавувам без никакви очекувања”, рече за хрватските медиуми Матеј Сушник, кој го направи овој микс.
Пензионерот Тони го одушевил со својата радост и ентузијазам. „Оваа изјава повикува на песна во ‘gangsta’ рап стил. Прв пат кога го слушнав Тони ме насмеа убаво бидејќи баш во тој момент, кога видео стана популарно, имав грип”, рече Сушник смеејќи се, пренесува „24 сата.хр“.
Иако тој го направи ова видео од „зезанција”, воопшто не очекувал дека ќе постигне таква популарност.”
„Знаев дека песната има потенцијал бидејќи на интернетот му се допаѓаат таквите снимки, но оваа реакција е навистина позитивен шок”, објаснува тој.
„И запомнете, не е важно што правиш во животот, само вежбајте, вежбајте, секој ден” заклучува Матеј.