Најпознатата фитнес инфлуенсерка го откри полот на своето бебе – не се откажува од вежбањето и изгледа фит и во бременоста
Таа и сопругот организираа дури две забави за откривање на полот на бебето и ги објави на Инстаграм.
Познатата фитнес инфлуенсерка Кејла Итсинес неодамна на Инстаграм ја сподели среќната вест дека е бремена, и оттогаш нејзиниот круг на обожаватели се прошири и на жени кои веќе се мајки или се бремени и очекуваат бебе. Затоа не е изненадувачки што многу луѓе беа воодушевени кога одлучи да го сподели со нив и моментот кога дозна дали ќе роди девојче или момче. Поточно, два такви моменти.
Имено, во кругот на семејството и најблиските пријатели, парот пукна балон во кој беа скриени розови конфети, па на сите веднаш им беше јасно дека доаѓа девојче.
https://www.instagram.com/p/BsEGrCEgWCX/
Сепак, тие решија целата приказна да ја повторат уште еднаш, и тоа на самиот Божиќ како изненадување за своите баби и дедовци. Тие не го знаеја полот на детето, па им беше дадена задача пред останатите членови на семејството сами да го пукнат балонот и на тој начин да откријат.
https://www.instagram.com/p/BrlIr5kgIdy/
Интересно е тоа што Кејла тврди дека нејзиниот свршеник Тоби од самиот почеток бил убеден дека ќе добие девојка.
„Девојче е. Го претчувствувам тоа! Засега ќе го викам бебето муфин (muffin) но знам дека е девојче. Ја обожавам уште од сега. Кога ќе можам да ја видам? Колку долго морам да чекам? Сакам веднаш да ја држам во рацете”, ја опиша Кајла симпатична реакција на нејзиниот свршеник и на тој начин многумина насмеа.
https://www.instagram.com/p/Br2LcKlgkSy/
Инаку, таа и покрај бременоста не се откажува од редовните тренинзи. Како што вели, постојано го слуша своето тело и прави она што му одговара, а нејзината желба е да ги поттикне и другите бремени жени да се вклучат во физичка активност и да не се запостават за време на бременоста.
https://www.instagram.com/p/Brqi4pOgAQg/
„Тоа ќе биде различно тело од она што сте навикнати да го гледате од 2013, но навистина сум возбудена што ги делам овие моменти со вас”, пишува неодамна покрај фотографија од теретана на која го покажа бремениот стомак. Инаку, Кејла е една од најпознатите инфлуенсерки вљубени во вежбање и здравиот живот и благодарение на тоа стана и една од најдобро платените фитнес инструкторки на светот.
https://www.instagram.com/p/Brn0Po7BGB8/
https://www.instagram.com/p/BrgF4bDgaNu/
https://www.instagram.com/p/BrTduVWgZSM/
https://www.instagram.com/p/BrROr3egRfI/