Најпознатата старлета на Балканот се породи – сместена во еден од НАЈЛУКСУЗНИТЕ АПАРТМАНИ, роди машко дете (фото)

Познатата старлета се породи со царски рез што беше закажан во една луксузна приватна клиника.

Старлетата Ана Корaќ се породи во тајност во една приватна клиника и на овој свет донесе здраво машко дете.
Како што пренесуваат српските медиуми, Ана се породи со царски рез во една приватна клиника.
Старлетата со својот син е сместена во посебен луксузен апартман, а персоналот се грижи за неа и бебето, пишува „Блиц.рс“.
Ана изминативе девет месеци уживаше во бременоста и одвај чекаше да се оствари во улога на мајка.

Како што самата неодамна изјави, блажената состојба е нешто најубаво што една жеа може да го почувствува.
„Наскоро ќе станам мајка и одвај чекам да си го земам синчето во рацете. Мојот живот комплетно се промени. Посветена сум на семејството, и сé е подготвено за доаѓањето на бебето“, изјави таа.

Таа неодамна го врати и својот Инстаграм профил:
„Отворив фирма за маркетинг. Имам тим луѓе со кои во иднина ќе работам сериозни кампањи. Сакам да му се посветам на синот и работата на која што вредно работев овие месеци. Исто така сакам на Вас медиумите да ви се заблагодарам што имавте разбирање и ја почитувате мојата одлука мирно да ја поминам својата бременост“, порача Ана.

Инаку, Ана неодамна позираше во елегантен бел фустан и црн костум и го покажа својот труднички стомак.

Познатата старлета и ријалити ѕвезда штом дозна дека е бремена се повлече од социјалните мрежи и јавниот живот.
Ана полни девет месеци уживаше и максимално беше посветена на својата бременост, а неколку дена пред да се породи, таа одлучи да направи сет фотографии за спомен.

Таа позираше со зајче во рацете облечена во елегантен бел фустан, но и во црн костум и го покажа трудничкиот стомак.
Од нејзините фотографии можеме да видиме дека никогаш не била посреќна и дека одвај чекаше да се оствари во улога на мајка.
Фото: Инстаграм/ Ана Корaќ
Фото: Инстаграм/ Ана Корaќ
Фото: Инстаграм/ Ана Корaќ
Фото: Инстаграм/ Ана Корaќ
Фото: Инстаграм/ Ана Корaќ
Фото: Инстаграм/ Ана Корaќ
Фото: Инстаграм/ Ана Корaќ
