Најпознатата пејачка на Балканот носи чанта од 10.000 евра – и ова не ѝ е НАЈСКАПИОТ модел, ќе се шокирате од цената на ова парче!
Не жали пари кога е изгледот во прашање…
Популарната фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ наскоро треба да наполни 49 години, а се уште може да се пофали со своето прекрасно тело.
Таа денес важи за една од најстилизираните дами на Балканот и речиси никогаш не греши кога е нејзиниот изглед во прашање.
Познато за неа е дека често сака да носи креации од домашни дизајнери, но и од најпознатите светски брендови со кои секогаш привлекува внимание во јавноста.
Така беше и овој пат кога на сојот Инстаграм сподели фотографија на која се гледа чанта од познато дизајнерско име во вредност од 10.000 евра.
Покрај ова таа носеше и папучи од познат дизајнерски бренд чија цена се движи околу 500 евра.
Но и покрај тоа што многумина ќе се фатат за глава кога ќе слушнат колку потрошила Цеца за овој модел, ова сепак не е најскапата чанта што популарната пејачка ја поседува во својата колекција со скапоцени чанти.
Многу поголемо внимание таа привлече со нејзиниот модел од крокодилска кожа кој чини колку и еден стан во центарот на Скопје.
Цената на овој модел на интернет се движи околу 50.000 евра, а Цеца од истиот бренд има неколку модели.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии на кои Цеца носи скапоцени чанти со цени од кои боли глава.
Фото: Инстаграм/ StyleByCeca
Фото: Инстаграм/ StyleByCeca
Фото: Инстаграм/ StyleByCeca
Фото: Инстаграм/ StyleByCeca
Фото: Инстаграм/ StyleByCeca
Фото: Инстаграм/ StyleByCeca
Фото: Инстаграм/ StyleByCeca
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Бонус галерија
Цеца во „машко“ издание
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
.