Едита Арадиновиќ се пофали преку социјалните мрежи како максимално ужива на одморот.

Таа се соблече во костим за капење, па го покажа своето витко тело, на кое можат да и завидуваат многу дами.
Во видеото што го објави поранешната „Министерка“ на својот профил на Инстаграм можеме да видиме како таа максимално ужива на заслужениот одмор.
Море, сонце и нејзиното исончано тело во преден план.

Имено, згодната пејачка по неколку месеци напорна работа, реши да се почести со патување во Тајланд.
Откако стигна на ова егзотично место таа одвреме-навреме ќе објави по некоја фотографија, а по преслатката фотографија со бебето тигар, на својот профил сподели фотографии и од плажа, односно од водата.

Таа направи „селфи“ додека стои во кристално чистата вода, облечена во минијатурен црвен костим за капење.
Не се сомневаме дека пејачката ужива во сонцето и морето, а и описот на фотографијата „Среќна слика“ кажува сé.