Реклама
Вести

Најнови детали за страшната сообраќајка на патот Прилеп-Битола: Тројцата прилепчани живи изгореле во смачканиот автомобил

Реклама

Двајца лекари и еден техничар утрово настрадаа во тешката сообраќајна несреќа на регионалниот пат Прилеп-Битола откако директно се судрија со камион кој пренесувал лесно запаливи материи. Со повреди се здобил возачот на камионот.

По судирот избил силен пожар од кој биле опожарени и двете возила, а во негово гасење интервенирале три противпожарни возила. Тројцата загинати оделе кон своето работно место во приватна здравствена установа во Битола.

Живи изгореле тројцата прилепчани кои утрово доживеаја сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола, откако нивниот автомобил се судри со камион кај клучката за селото Лагово, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Маркетинг

„Утрово во 07.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘тојота’ со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В.(42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило ‘волво’ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Р.(51) од Битола. Во несреќата, патничкото возило се запалило и на лице место починале тројцата патници.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Увидот го врши јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Прилеп. Од 08.00 часот сообраќајот на патот А3 Прилеп-Битола кај с. Лагово е затворен за сообраќај во двата правци“, информираше МВР

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button