Вести

НАЈНОВА ВЕСТ: Вечерва вработен во болницата 8-ми Септември бил прободен со нож

Advertisement

Тежок инцидент се случил вечерва во просториите на болницата 8-ми Септември, дознава Канал 5.

Според сознанија на телевизијата, вработен во болницата бил прободен со нож во пределот на ребрата.

Advertisement

-Денеска (07.01.2024) во 19:47 часот од ГОБ “8 Септември” е пријавено е дека Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болницата се здобил со повреда откако со нож му била нанесена расеченица од М.Н.(77) од Скопје, пациент во болницата.

Според пријавеното напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата. Полициски службеници се излезени на местото на настанот, велат од МВР.

-Од наши извори дознаваме дека пациентот моментално се наоѓа на разговор во полициска станица, објави Канал 5.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button