Реклама
Наши ѕвезди

Најмладиот син на Лепа Брена ја обвини својата мајка дека му го уништува љубовниот живот

Реклама

26-годишниот Стефан, најмладиот син на Лепа Брена и Бобан Живојиновиќ, конечно се сели надвор од семејниот дом на неговите родители.

„Не можам да чекам, не можам повеќе да издржам ни секунда близу до моите родители”, изјави тој за српскиот Курир.

Маркетинг

Имено, најмладиот син на познатата пејачка и поранешниот тенисер наскоро треба да се исели надвор од семејното гнездото на неговите родители – тој само мора да почека да му пристигне мебелот во новиот стан. „Јас го чекам мебелот и така некои работи. Се надевам дека ќе биде на почетокот на март, сакав да биде кога ќе се вратиме од патувањето, но за жал не можевме”, изјави Стефан за медиумите.

https://www.instagram.com/p/BtdQfQvALes/

Маркетинг

 

Стефан е подготвен за селидбата и сигурно нема да му биде тешко бидејќи неодамна се одмори на патувањето во егзотичните краеви. Семејството Живојиновиќ помина годишен одмор на Малдивите и Тајланд, каде што неговата мајка сакаше да ги почести своите синови, па затоа не беше проблем да плати околу 50.000 евра за десет дена одмор.

https://www.instagram.com/p/Bs63PsplGcL/

 

Синот на Брена, исто така, зборуваше отворено и за љубовниот живот и откри дека неговата најголем проблем во љубовта е тоа што е дете на славни родители.

https://www.instagram.com/p/BtBzM0sgcvU/

„Малку сум загрижен за тоа и потешко ми е да најдам девојка, а навистина би сакал да имам некоја до мене. Кога ќе почувствувам дека тоа е искрено и чисто, тогаш ќе ја имам, но за сега полека“, вели Стефан кој тргна по стапките на својата мајка и заплови во музичките води.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button