Реклама
Вирално

Најмладиот дедо на светот – има само 23 години и сите се воодушевени од неговата добрина

Реклама

23-годишниот Томи Коноли од Австралија живееше сосема нормален живот.

Тој имаше пријатели, работа, студираше … Едноставно не се разликувал на било кој начин од неговите врсници, се додека еден ден не добил порака на Фејсбук што му го променила неговиот живот засекогаш.

Маркетинг

Томи е мошне амбициозно момче. Тој е и спортист, но поприлично успешен и на деловен план. Уште како мал сакал да има својата компанија.

Маркетинг

Почнал да патува во Австралија и САД, а еден ден дознал дека има семејство за кое треба да се грижи.

Тој има девојка, Оливија Тауро, која ја познавал дури осум години пред да за започнат нивната љубовна врска. И таа е спортистка исто како него. Беше сосема изненадена кога дозна дека нејзиното момче веќе е татко, но и дедо.

За што станува збор? Па, Томи има помлад братучетка, Киарн, со која ги поминувал своите најмлади денови, сè додека нејзиното семејство не се преселило да живее на друго место. Неодамна контактирала со него и му ја кажала својата тешка приказна. Таа му кажа дека нејзините родители не се грижеле доволно за неа, па затоа веќе некое време живеела на улица. За да преживее, била принудена да се занимава и со валкани работи. Влегла во лошо друштво, а имала и момче кое завршило во затвор. Томи сфатил дека на Киарн и била потребна помош и ја викнал да живее со него.

Иако тие се први братучеди, Томи одлучил да се грижи за неа, па од тој ден и беше како татко. Младото момче на себе реши да преземе голема одговорност, и тоа му било јасно, особено откако по некое време му признала дека е бремена со момчето кое се уште е во затвор. По некое време, Киарн родила здраво бебе, па така Томи, покрај тоа што станал старател и на некој начин нешто како татко на својата братучетка, станала и дедо – и тоа на 23 годишна возраст.

Тоа се случи пред три години…

Томи денес може да се пофали дека го има најдобриот внук на светот, Кајдан кој за него е нешто што секогаш му го поправа расположението и чија иднина не е доведена во прашање, бидејќи тој вели дека е сигурен дека може да стане „светски првак” во било што.

Поради неговата добрина, цврст карактер и решителност, Томи доби бројни пофалби на социјалните мрежи, а неговата приказна стана вирална.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button