Најмладата победничка во „Ѕвездите на Гранд“ се реши од вишокот КИЛОГРАМИ – Милица денес нема ни грам вишок на себе
Милица Тодоровиќ реши малку да се опушти по концертот, па замина во еден спа центар во Белград.
Па за да ги наполни батериите таа со часови уживаше во сите погодности, а фановите ги почести со едно селфи.
Милица се снимаше во огледалото во „пикантно“ издание, а во преден план беше нејзиното беспрекорно тело.
Пејачката до пред една година водеше војна со вишокот килограми, па постојано се жалеше на тоа.
Но од нејзините фотографии можеме да видиме дека успеала да се врати во топ форма, но и да ја задржи ваквата линија.
Инаку, во 2003 година, на само тринаесет години се пријави во Ѕвездите на Гранд, а веќе следната година, на свои четиринаесет, беше најмладата победничка во најпопуларното музичко шоу на Балканот.
Таа долго време не го менуваше својот стајлинг, се додека не стана полнолетна кога ги изненади сите со својата руса коса.
Таа од мали нозе се занимавала со спорт, конкретно со ракомет и џудо, а покрај пеењето има запловено и во актерските води.
Кога станува збор за нејзиниот љубовен живот, таа неколку години беше во врска со Раде Ковачевиќ, родениот брак на Саша Ковачевиќ, потоа со кореографот Милош Пауновиќ, а по бурната разделба со Милош вплови во врска со актерот Петар Стругар која исто така не траеше долго.
Како таа изгледаше на своите први настапи во Гранд и неколку ретроспективни фотографии погледнете во продолжение.
Фото: Принтскрин/ Пинк
Фото: Принтскрин/ Пинк
Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн
Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн
Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн
Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ