Реклама
Новости

Најмладата бабичка на светот

Реклама

Романката Рифка Станеску (25), која родила бебе на возраст од 12 години, е официјално најмладата баба во светот.

Рифка станала баба на 23-годишна возраст. Таа ја родила Марија кога имала само 12 години, но и покрај тоа што ја предупредила да не тргне по нејзиниот пат, нејзината ќерка забременила кога имала 11 години.

Маркетинг

Младата баба од селото Ивест во Романија вели дека ја советувала ќерката да оди на училиште, но тоа не вредело.

„Среќен сум што сум баба, но сакав нешто различно за Марија. Нејзиниот син Јон е добро момче, а веќе има вереница иако има осум години. Момчињата секогаш поминуваат подбро од девојчињата “, изјави Рифка за британскиот Сан.

Маркетинг

Рифка се спротивставила на своето семејство и избегала со Накит Дилер Јонел Станеску, кога имала 11 години. Двајцата се венчале, а наскоро и Рифка забременила. Интересно, е што Романката на овој начин успеала да избега од договорениот брак кој и го имале испланирано нејзините родиели.

„Сакав да се омажам за него. Се разбира, откако избегав, ние секоја ноќ ја поминувавме заедно, и не постоеше нешто што ќе не раздели“ – признава најмладата баба на светот.

Сепак, без оглед на тоа колку Јонал и Рифка сакале нивната ќерка Марија да се посвети на образованието, сепак таа решила да отплови во брачни води.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button