Реклама
Наши ѕвезди

Најзгодната македонска трудница откри како ја одржува линијата и во бременоста

Реклама

Бремената Катарина Ивановска не се откажува од тренинзите

На нашата позната манекенка не и пречи бременоста, па речи слободното време да го искористи и за малку рекреација.

Маркетинг

Познатата манекенка сподели со своите обожаватели фотографија од теретана. Таа одлучи да се рекреира, се облече во куса маица и хеланки, замина во теретена и почна да вежба. Како таа изгледаше погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм/ Катарина Ивановска

Инаку, манекенката Катарина Ивановска неодамна откри дека е во блажена состојба и дека за неколку месеци ќе има уште едно дете.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Катарина Ивановска

Ивановска очигледно ужива во бременоста, а на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм се пофали со неколку симпатични фотографии на кои е во костим за капење и во преден план е нејзиното стомаче.

Фото: Инстаграм/ Катарина Ивановска

Од нејзините фотографии можеме да забележиме дека кај убавата манекенка речиси ништо освен стомакот не е променето, а така беше и при нејзината прва бременост, кога во 2016 го роди малиот Вања.

Фото: Инстаграм/ Катарина Ивановска

Дали и какви вежби треба да правите за време на бременоста

На социјалните мрежи често можеме да забележиме како фитнес ѕвезди или познати манекенки вежбаат, па дури и креваат тетови за време на бремненоста.

Сепак, треба да споменеме дека тоа со себе покрај предностите, носи и одредени ризици, како за идната мајка, така и за бебето. Но тоа не значи дека целосно треба да заборавите на вежбањето за време на бременоста. Вежбите ќе ви помогнат многу да се ослободите од болките во грбот и породувањето да ви оди полесно.

Па така ако имате зелено светло од вашиот доктор, тогаш изберете и вежбајте полесни вежби кои ќе ви помогнат да се одржите во форма додека сте бремени, а и по породувањето полесно и побрзо ќе се вратите во форма.

Во текот на уредната бременост, кoја нема никакви ризици, ниту компликации, телесната активност се препорачува. Но не заборавајте – истата мора да биде соодветна за фазата на бременоста.

Што во ниту еден случај не смеете да вежбате?

I. Не смеете да вежбате вежби кои се концентрираат на стомачните мускули, односно да правите стомачни.

II. Не смеете да лежите на вашиот стомак, не само затоа што е неудобно, туку и си создавате потенцијален ризик за бебето.

III. Не смеете да стоите мирно, односно не смеете да практикувате вежби кои ве тераат мускулите да ги држите во мирна положба.

Поврзано

Back to top button