Најзгодната баба во Македонија го прослави роденденот – најубавата честитка ја доби од својата ќерка
Поранешната водителка ги воодушеви сите со своите последни објави на социјалните мрежи
Честитки се нижат по повод роденденот на некогашната водителка Маја Поцевска.
Веќе подолг период Маја повеќе не е дел од ТВ етерот, но публиката и понатаму ја памети.
ФОТО: Инстаграм / Маја Поцевска
Сега работи како ПР во Државната лотарија.
Доста е активна на социјалните мрежи, каде може да се видат фотографии и од нејзиниот приватен живот.
Континуираната нега на физичкиот изглед секогаш раѓа со плод, а доказ за тоа е и Маја.
ФОТО: Инстаграм / Маја Поцевска
Обожава да облекува смели комбинации, кои прилегаат само на жени со совршена линија.
Приватно е мајка на Јана, која според фотографиите споделени на социјалните мрежи е копија на својата мајка.
ФОТО: Инстаграм / Маја Поцевска
Минатата година Јана ја роди својата ќерка Мина, па со тоа Маја го доби епитетот најзгодна баба во Македонија.
Јана сега го има вниманието од целото семејство, а Маја обожава да го поминува времето со неа.
ФОТО: Инстаграм / Маја Поцевска
Иако ја гази петтата деценија, Маја изгледа подобро од било кога.
По повод нејзиниот роденден сите нејзини пријателки ѝ упатија честитки на Инстаграм, но сепак најдрагата е од ќерката Јана.
„Среќен роденден на најдобрата мајка“, напиша Јана на честитката.