Најемотивните моменти од свадбата на братот на Новак Ѓоковиќ – ПОГЛЕДНЕТЕ ја невестата, блеска во глмурозната венчаница!

Посебен ден за семејството Ѓоковиќ…

Ѓорѓе Ѓоковиќ, најмладиот брат на Ноле, и водителката Сашка Веселинов се венчаа во црквата Свети Марко на Ташмајдан, а на интимната церемонија присуствуваа само најблиските членови на семејството.
Раскошната венчаница во која невестата блескаше ги воодушеви сите, додека таа не ја тргаше насмевката од лицето.
Ништо помалку елегантен и расположен не беше и младоженецот облечен во црн костум и бела кошула без вратоврска.

Сашка за црковната венчавка избра долга венчаница со корсет со кој ја истакна својата беспрекорна линија и тенка половина, иако е во блажена состојба. Гламурозната креација е зачинета со светкави детали, а невестата целото издание го заокружи со благи бранови, долг вел и дискретна огрлица, додека со шминката само ја нагласи својата природна убавина.

По венчавката во Белград, прославата продолжи во Црна Гора, каде невестата носеше уште една тоалета.

Во прашање е тесен фустан со еден ракав кој невестата го носеше на првиот танц и ги воодушеви гостите.

Како изгледаше овој момент погледнете во продолжение:



Сашка Веселинов на венчавката го зеде презимето Ѓоковиќ, а потоа се огласи и на Инстаграм прв пат како член на познатото семејство и објави фотографија во венчаница со песната „Merry You”.



Гостите ги забавуваше пејачот Сергеј Четковиќ, а Новак во еден момент го зеде микрофонот и запеа заедно со братот и снаата.


Ова ги воодушеви гостите, а многумина од нив ги извадија своите телефони и го снимаа овој момент од гала свадбата.

Повеќе фотографии од невестата погледнете во продолжение:

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Инстаграм/ Сашка Веселинов
Фото: Инстаграм/ Сашка Веселинов
Фото: Инстаграм/ Сашка Веселинов
Фото: Инстаграм/ Сашка Веселинов
Фото: Инстаграм/ Сашка Веселинов
Фото: Инстаграм/ Сашка Веселинов
Фото: Инстаграм/ Сашка Веселинов
Фото: Инстаграм/ Сашка Веселинов
Фото: Инстаграм/ Сашка Веселинов
Фото: Инстаграм/ Сашка Веселинов
Фото: Инстаграм/ Сашка Веселинов
Фото: Инстаграм/ Сашка Веселинов
Фото: Инстаграм/ Сашка Веселинов
Фото: Инстаграм/ Сашка Веселинов
